сабота, 27 јули 2024

Познати се групите во Лигата на нации, Италија, Белгија и Франција се во најатрактивната

Денеска беше извршена ждрепката за новата сезона во Лигата на нации, ќе има супер интересни дуели во најсилната, А дивизија.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија е во Лигата Ц, во група заедно со селекциите на Ерменија, Фарски острови и Летонија.

А ова се останатите групи од Лигата на нации.

Во Лига А најинтересно ќе биде во групата А2 каде се екипите на Италија, Белгија, Франција и Израел.

Во А1 интересна ќе биде пресметката меѓу Хрватска и Португалија, а останатите две селекции се Полска и Шкотска.

Во А3 заедно се Холандија и Германија, со нив се и Унгарија и Босна и Херцеговина.

Србија се најдев во групата А4 заедно со селекциите на Шпанија, Данска и Швајцарија.

Англија минатата сезона испадна од Лига А, па оваа сезона ќе биде во Б, во групата Б2 заедно со Финска, Ирска и Грција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ