сабота, 27 јули 2024

Познати се деталите за трансферот на Ѓулер во Реал Мадрид

Објавено на

часот

Сподели

Во наредните денови Ѓулер и официјално ќе биде промовиран како ново засилување за Реал Мадрид.

Кралскиот клуб за овој трансфер ќе плати 20 милиони евра фиксна сума како обесштетување, плус бонуси и даноци за трансферот. Надвор од овие трошоци, Реал Мадрид ќе плати и провизија на агентот на Ѓулер, односно на неговиот татко.

Фенербахче ќе има 20 проценти од следната продажба на Ѓулер

Турчинот ова лето ќе му се приклучи на Реал Мадрид, не во 2024 како што некои шпекулираа. Медицинските тестови се закажани.

Договорот кој ќе го потпише Ѓулер ќе биде на шест години.

Арда Ѓулер важи за најголем турски талент во моментов, некои предвидуваат и дека има потенцијал да стане најдобриот фудбалер од оваа земја на сите времиња. Но, тој има само 18 години, па допрва ќе треба да се покаже.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ