Одреден е терминот за големото финале меѓу Ѓоковиќ и Алкараз, мечот ќе се игра во недела со почеток од 14 часот.
Нивниот досегашен скор во меѓусебните дуели е 3-3. Алкараз неодамна го победи Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон.
Српскиот тенисер ќе биде максимално мотивиран за реванш.
„Нема да застанам овде, одам по златото. Морам да кажам дека не сум се задоволил со ова, ѝ обезбедив медал на Србија, но секогаш пред себе го ставам најголемиот притисок и очекувања“, изјави Ѓоковиќ.