сабота, 27 јули 2024

Пожарот во Осиек е под контрола, градските власти бараат да се прогласи еколошка катастрофа (ВИДЕО)

По големиот пожар на пластика во компанијата Драва интернационал во Осиек, на истокот на Хрватска, мерењата на квалитетот на воздухот покажале зголемена концентрација на лебдечки честички и присуство на стирен и етилбензен на местото на пожарот и во населбата Антуновац, 5 км јужно од Осиек. Наодите на другите места се уредни, соопшти Цивилната заштита.

Објавено на

часот

Сподели

Пожарот во фабриката за преработка на пластика е ставен под контрола и нема опасност од ширење. Пожарот сѐ уште гори, иако со послаб интензитет, а проблем е густиот чад што се движи кон градот бидејќи ветрот синоќа го промени правецот. Затрупувањето на местото ќе почне денеска, но најверојатно ќе бидат потребни уште неколку дена за пожарот целосно да се изгасне.

Локалните власти ќе бараат од хрватската влада да прогласи еколошка катастрофа бидејќи воздухот и почвата се загадени, а обемот сѐ уште не е познат. При гаснењето повредени се тројца пожарникари, од кои еден сѐ уште е во многу тешка состојба.

Штабот за цивилна заштита во четвртокот соопшти дека на синоќешното мерење во Осиек не се откриени никакви загадувачи. Истата ситуација беше и во Бријесто, а на самото пожарно место и во Антуновац очекувано е констатирана зголемена концентрација на лебдечки честички и присуство на отровни материи стирен и етилбензен.

Поради ширењето на чадот, мерењата продолжуваат и денеска, а во текот на попладневните часови ќе пристигнат две мобилни мерни станици од Риека, забележува Штабот.

Од градската управа на Осиек велат дека водата од градскиот водовод е здрава и граѓаните немаат причина да бидат загрижени за квалитетот на водата за пиење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ