сабота, 27 јули 2024

Пожарот во Кондово се шири (ВИДЕО)

Во околината на Кондово горат трева и грмушки, а пожарот веќе е навлезен и во боровата шума. Пожарникарите немаат пристап до огнот со нивните противпожарни возила, но се распоредени на позиција од која можат да ги заштитат куќите. Утрово, во зависност од условите ќе бидат упатени два полициски хеликоптери, соопштуваат од Центарот за управување со кризи.

Објавено на

часот

Сподели

Вчера доцна попладнето не можеше да биде организирано гаснење од хеликоптерите и од ер- тракторите.

Пожарот во околината на село Кондово, Општина Сарај, бил пријавен вчера во 14.17 часот. Гореше сува трева, грмушки и нискостеблеста шумска вегетација.

Пожарникарите од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје се на терен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ