четврток, 24 октомври 2024

Пожарот во Богданци е целосно изгаснат, регистрирани се уште 10 други

Објавено на

часот

Сподели

„Пожарот во Богданци е целосно изгаснат. Противпожарните тимови се повлекуваат од терен. На лице место е оставена дежурна екипа да внимава да не дојде до повторно разгорување. Изгорени се приближно над 350 хектари нискостеблеста деградирана шума, грмушки и трева. Нема штета на 4-те ветерници под кои помина пожарот. Благодарност до храбрите пилоти и пожарникари“, изјави директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Тој уште информираше дека на територијата на државата во текот на денешниот ден се регистрирани 10 пожари на отворено и тоа во општина Велес,во селото Сливник, општина Демир Хисар, село Сопотница, општина Струмица, село Костурино. Во скопско се изгаснати и сѐ уште се гасат 7 пожари на отворено и тоа во Горно Блаце гореше мешана деградирана шума и трева, кај село Љубош, Студеничани над Батинци гореше деградирана шума и дива депонија. Во Волково гори трева, нискостеблеста деградирана шума и ѓубре. Изгоре и еден помошен објект. Пожарот е под контрола. Во Бојане, Сарај гореше шума и трева, а во општина Бутел околу улица Боца Иванова кон обиколницата гореше сува трева, а изгоре и еден помошен објект. според ЦУК денеска горела и депонијата Вардариште, а регистриран е и пожар во општина Зелениково, во село Орешани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ