сабота, 26 октомври 2024

Пожарот во атарот на селото Блаце сѐ уште е активен

Објавено на

часот

Сподели

Од Регионалниот центар за управување со кризи Скопје информираат дека пожарот се следи од вработени од јавното претпријатие „Македонски шуми“ и дека се наоѓа на пет километри од селото Блаце. 

Во изминатото деноноќие имало 26 пожари на отворен простор во чие гаснење покрај Територијалната противпожарна единица на Град Скопје биле ангажирани и три авиони ер трактори и еден хеликоптер на МВР.

Освен во Блаце во скопскиот регион имало уште шест други пожари на отворено.

Од ЦУК информираат дека депонијата кај Волковија, тетовско, сѐ уште чади.

„Од вчера се работи на затрупување на деловите што чадат. ТППЕ од Тетово гасеше делови од депонијата, во рамки на можностите при вакви специфични ситуации. И денеска се работи со тешка градежна механизација за да се затрупаат деловите што сѐ уште чадат“, информираа од ЦУК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ