петок, 27 декември 2024

Пожарот околу Пелистер избувнал од човечи фактор, на терен се 18 пожарникари

Екипи на Територијалната противпожарна единица – Битола и на НУ Национален парк Пелистер ставија под контрола шумски пожар кој попладнево избувна во атарот меѓу потпелистерските села Ротино и Цапари.

Објавено на

часот

Сподели

Командирот на ТППЕ-Битола Горан Димковски истакна дека пожарот е се уште активен, но е под контрола.

„За жал неодговорни граѓани се причинители на пожарот кој е на 300 метри од површините на националниот парк Пелистер. На терен сме 18 пожарникари со 5 вискоопремени возила, а заедно со нас е и екипа пожарникари на НУ Национален парк Пелистер. Пожарот е локализиран за да не се придвижи кон боровата шума на Пелистер, но е блиску до регионалниот пат Битола-Ресен“, рече Димковски.

Од ТППЕ-Битола потврдија дека остануваат на терен до целосно гаснење на шумскиот пожар во потпелистерието.

      Архивска фотографија 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ