вторник, 21 јануари 2025

Пожарот над Ново Село наближи до бугарската граница, се подготуваат пожарникарите од Петрич

Пожарот на непристапен терен што гори од вчера на територијата на Општина Ново Село, во доцните попладневни часови се рашири и наближи кон границата со Бугарија. Гори квалитетна борова и дабова шума и е зафатена поголема површина, а на ова подрачје има неколку објекти, меѓу кои и црква, вели командирот на струмичјката противпожарна единица, Александар Гудев.

Објавено на

часот

Сподели

„Пожарникарите засега не можат да интервенираат, бидејќи пожарот е на висок и
непристапен терен. Очекуваме утре наша екипа од 10 пожарникари да биде префрлена на местото со хеликоптери и да помага во гаснењето, бидејќи очекуваме утре пожарот да се гасне со хеликоптери“, изјави Гудев.

И директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, потврди
дека пожарот е на непристапен терен, дека не можат да пристапат ниту теренски возила и дека утре ќе се гасне со ер трактори или со хеликоптери. ЦУК, нагласи тој, е во постојана комуникација со градоначалникот на Ново Село.

ЦУК информира дека од подружницата на Национални шуми – Беласица известиле, при првиот контакт со ЦУК, дека не можат да интервенираат поради немање здравствено осигурување, но додале дека преку набљудуачи ќе ја следат состојбата.

За огнената стихија се известени и пожарникарите од Петрич, Бугарија, кои заедно
со нашите пожарнинари ја следат состојбата.

Од македонскиот Центар за управување со кризи велат дека се известени од бугарска страна дека со градежна машина се прави пристапен пат за противпожарно теренско возило.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ