„Станува збор за планински, недостапен терен. Гореше сува трева и ситно стеблеста шума, но денеска е проширен и зафатена е високо стеблеста шума. Засега нема опасност за селото, но единствен спас е интервенција од воздух, која ја побаравме уште вчера“, вели Мифтароски.
Додава дека се јавиле и доброволци од ова и соседните села, но поради ризикот што доаѓа од пламените јазици, нивната необученост и немање соодветна опрема, не им е дозволено.
Од ЦУК велат дека според синоќешното извидување од хеликоптер пожарот над Гари е високо на планината и дека иако линијата на пожарот е голема, има само чад кон и околу Гари.
„Мештаните, освен што се во информативна координација со ЦУК, преку претседателот на месната заедница, заедно со десет луѓе од Национални шуми и двајца пожарникари со лесно возило, подготвени се за дејство ако има опасност, а и ловците од Гари се смоорганизирани и во координација со месната заедница и ЦУК исто така, бидејки го познаваат добро теренот и имаат план каде – на патот над Гари би била линијата на одбрана на селото. Воздухоплови, ако има потреба, ќе бидат веднаш пренасочени кон Гари“. информираат од ЦУК.