Атанасов изрази благодарност до сите кои доброволно придонесуваа во гаснењето на пожарот, како и до сите државни, регионални и локални институции кои беа вклучени во борбата со огнената стихија.
„Упатувам неизмерна благодарност до сите доброволци, доброволни друштва, ловно друштво, државни, регионални и локални институции кои со сите расположливи ресурси беа вклучени во акцијата. Без вас, невозможно беше да се справиме со огнените јазли кои незапирливо зафаќаа се поголеми површини“, наведува Атанасов.
Благодарност упати и до локалното население кое храбро и пожртвувано заедно со нив, помогнало во совладувањето на пожарот.
Ризиците од голема еколошка катастрофа не беа единствени, секој момент додека траеше акцијата беа загрозени безбедноста и здравјето на секој вклучен поединец, напиша тој, подвлекувајќи дека успеале никој да не настрада со посериозни повреди.
„Покажавме дека само сплотени може да се справиме со сите предизвици. Упатувам апел за внимателност поради високите температури со цел избегнување на пожари“, напиша Атанасов.