„Пожарот кој беше изгаснат кај граничниот премин Богородица во 18:20 часот, повторно е активиран во 18:50 часот, екипите од ТППЕ Гевгелија повторно излегле на терен и во интервенцијата учествуваат и 4 полицајци од граничната полиција“, информираа од РЦУК-Струмица.
Претходно попладнево, гевгелиските пожарникари два часа се бореле со пожарот на граничниот премин Богородица кој беше изгаснат во 17:30 часот.