среда, 30 октомври 2024

Пожарот на Галичица не е закана за населените места, тврди охридскиот градоначалник

„Пожарот на планината Галичица од македонската страна е под контрола и нема опасност по населените места и населението кое гравитира на овој потег. Тоа се последните информации од екипите на терен“, изјави градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков и додава дека опасност претставуваат гранатите кои ги има на овој терен.

Објавено на

часот

Сподели

Како што вели Пецаков, во гаснењето на пожарот од земја се вклучени околу 120 лица, а се дејствува со два хелихоптери од страната на Охрид и од страната на Преспа. Пецаков уште посочува дека се очекува во текот на денот да се вклучат и уште три авиони за гаснење од воздух.

„Поспецифична е состојбата со пожарот од преспанска страна, каде што истиот има зафатено погуста и високостеблеста вегетација и гаснењето се одвива отежнато. Гаснењето од земја е отежнато и поради тоа што на овој терен постои неотстрането старо оружје и експлозивни направи, кои по налет на огнот експлодираат. Само во текот на вчерашниот ден се слушнале повеќе од 40 експлозии. Се надеваме и веруваме дека во текот на денешниот ден пожарот ќе биде локализиран и дека ќе се спречи неговото ширење понатаму“, вели Пецаков во неговата објава на социјалните мрежи.

Тој уште упати апел до медиумите и населението да не шират непотребна паника, да споделуваат проверени информации и да се информираат само од релевантни извори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ