четврток, 31 октомври 2024

Пожарот монструм кај Јасен опасно се приближува до викендиците

Пожарот монструм, како што го нарекува директорот на ЦУК Стојанче Ангелов горењето на боровата шума на територијата на Општина Македонски Брод, кај селата Тажево и Брезница, а од пред неколку дена навлезен и во ловиштето Јасен, утрово е опасно приближен до викендиците крај езерото Козјак.

Објавено на

часот

Сподели

Овој пожар гори веќе 23 дена и досега изгоре околу 4.500 хектари шума, а линијата на огнениот фронт е 11,1 километар.

Таму деновиве постојано се гаси и со хеликоптери и со ер трактори, а до вчера тука постојано делуваше и 46 пожарникари од Унгарија кои тука беа со специјална теренска опрема.

Двете напуштени села, Тажево и Брезница, во кои имаше и неколку куќи во кои доаѓаа мештаните, изгореа.

Од ЦУК и за денес најавуваат засилено гаснење на овој пожар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ