Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев вели дека пожарникарите со четирите возила се вратени во ТППЕ- Штип. МИА претходно објави дека се зафатени ридови со сува трева и нискостеблеста шума, а пожарникарите не дозволија огнот да зафати и неожнеана нива со жито. Според проценките на Коцев опожарени се околу 40 хектари.
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов најави дека утре ќе даде повеќе информации и детали околу пожарите на депонијата