среда, 30 октомври 2024

Пожарот кај Македонски Брод дојде до викенд населбата кај Долна Белица

Безмалку 30 дена трае пожарот на територијата на Општина Македонски Брод. Пожарот се појави на 19 јули кај селото Тажево, најверојатно причинет од удар на гром и од тогаш се шири во три правци – кон Јасен, кон Брезница и кон Белица. Кракот кај Долна Белица е дојден веќе до патот. Загрозена е викенд населбата Икона во Долна Белица, два извора за вода и мрестилиштето за рибникот Белица.

Објавено на

часот

Сподели

Опожарена е борова шума на територија од 4.500 хектари. За целиот овој период од речиси 30 дена тука интервенираа воздухоплови, и хеликоптери и ер трактори, како и пожарникари, доброволци, војници и полицајци. Тимот од 46 пожарникари дојдени со специјална опрема од Унгарија главно беа ангажирани на овој терен.

И денеска овој пожар се води во графата активни на Центарт за управување со кризи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ