сабота, 27 јули 2024

Пожарот кај Лозово проголта 40 хектари шума стара 50 години,ноќва ќе се дежура (ВИДЕО)

Уште е активен пожарот помеѓу селата Милино и Мамутчево, во реонот на Овче Поле и уште чади од шумата. До 17 часот во најголем дел изгоре квалитетна борова шума, според првични проценки, на површина од 30 до 40 хектари помеѓу овие две села, засадена пред повеќе од 50 години, информира, Бошко Цветковски, градоначалник на Општина Лозово. Сликата е повеќе од жална, вели Цветковски. Тој изрази голема благодарност до сите што помогнаа за гасење на пожарот. МВР објави видео од гаснењето на пожарот.

Објавено на

часот

Сподели

Врз огнот дејствуваа екипи на МВР со хеликоптер како и на Дирекцијата за заштита и спасување кои потоа дојдоа да ја гаснат боровата шума со два авиони ер трактор и правеа големи напори да ја изгаснат шумата и покрај силниот ветер кој непрекинато дуваше и го разгоруваше пожарот.

Попладнево е изгаснат пожарот помеѓу селата Мамутчево и Иванковци од страната на Општина Велес, информираат за МИА од ТППЕ Велес и од ЦУК Велес.

Поради ветрот на терен се оставени тројца пожарникари од ТППЕ Велес.

д

Од ЦУК велат дека дежурните пожарникари, коишто ја контролираат огнената линија на пожарот меѓу Лозово и Велес ја поминаа пред стемнување територијата на работ на горење и дел во изгореното, на територијата меѓу селата Милино, Каратманово и Мамутчево и информираа дека пожарот е изгаснат.

д

„Пожарот бил изгасен, но ако ветерот се засили, проблем се тајните жаришта што тие ги именуваат како шумски сув хумус – мешавина од суви борови шишарки, иглички со паднати ситни суви гранчиња од боровите и другата сува вегетација собрани во доловите, вдлабнатините на почвата и засеците на теренот. Тие при контролата изгаснале неколку такви затскриени жаришта во коишто шишарките во подолните слоеви на тој ‘хумус’ не се целосно изгаснати од водата и држат долго жар. Дежурните пожарникари информираат дека со настапувањето на мракот ветерот намалил, конкретно имало ветер, но не толку силен како во текот на тенот. Конкретно, на терен беше дел од Доброволното противпожарно друштво од Свети Николе“, информираат од ЦУК.

Од МВР информираат дека врз овој пожар биле исфлени 55 тони вода, додека пожарот кај скопско Кондово бил локализиран со исфрлени 7 тони вода.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ