петок, 18 октомври 2024

Пожарникарите реагираат на зачестените напади, бараат заштита од надлежните

Објавено на

часот

Сподели

„Бараме надлежните органи строго да се заземат во одбрана на нашите колеги, при што виновниците за физичките напади да бидат најстрого санкционирани. Апелираме до граѓаните да учествуваат во одржувањето на редот и мирот при реализацијата на нашите интервенции, имајќи предвид дека нашата бројност во територијалните противпожарни единици во моментов е најниска, иако се соочуваме со најсложени и многубројни интервенции на дневна основа“, се вели во соопштението. 

Од НСПМ укажуваат и бараат од Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, локалните самоуправи, како и другите надлежни органи од областа на нивното делување да помогнат во справувањето со предизвиците кои ги носи оваа професија.

„Да ни го олеснат во рамките на нивните надлежности спасувањето на човечки живот и имот, како и да нѐ заштитат од негативните активности на поединци и групи, бидејќи и онака сме малку пожарникари во државата, со нападите кон нас и физичките повреди кои ни се нанесуваат, и така малиот број на активни пожарникари се намалува дополнително“, пишува во соопштението. 

Од НСПМ изразуваат благодарност до сите доброчинители кои во изминатиот период на разни начини, секој во рамки на своите можности, се обидуваат да помогнат во подобрувањето на состојбите, а со тоа и во обезбедувањето на подобра противпожарна заштита на граѓаните.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ