среда, 15 јануари 2025

Пожарникарите бараат да бидат под Министерството за одбрана, а не под општините

Објавено на

часот

Сподели

„Ние како Синдикат веќе една година проактивно учествуваме во подобрување на Законот на пожарникарство. Бројни се слабостите на сегашниот систем. Бараме централизирањето на раководењето со оваа служба, воведување на универзални униформи, исти за пожарникарите од целата територија, почитување на правата во сите ТПП единици во земјава, изедначување на платите на пожарникарите во целата држава. Предлагаме и освежување на пожарникарите, со можност војниците по истекот на 45 години возраст да одлучат дали сакаат да преминат во територијалните противпожарни единици“, изјави Горан Ристевски, претседателот на Независниот синдикат на пожарникари.

Тој нагласи дека доколку предлог – законот не биде спроведен најдоцна во октомври, тие како синдикат ќе се обидат со нивен предлог, преку пратеничките групи, до Собранието да го спроведат.

п

Територијалните противпожарни единици функционираат во рамките на локалните самоуправи, општините. Неодамнешното истражување на Центарот за граѓански комуникации покажа дека на ниво на држава недостигаат 340 пожарникари, а возилата што ги користат се стари во просек по 27 години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ