„Благодарение на брзата и пожртвувана реакција на храбрите велешки пожарникари избегната е голема трагедија во кругот на поранешна велешка Порцеланка. Огнот беше сопрен на само стотина метри оддалеченост од цистерни и склад со повеќе од 80 тони плин“, информираше денеска Ангелов.
Поради сериозноста на ситуацијата велешките пожарникари побарале помош и од воздух но, како што извести Ангелов и покрај тоа што хеликоптерите веднаш се упатиле на местото на пожарот, немало време да стигнат. Затоа пожарникарите помогнати од дел од вработените во приватна фирма што се наоѓа во кругот на поранешната фабрика успеале сами да го угасат пожарот.
Освен цистерните загрозени биле и други садови садови за складирање на приватната фирма во кои што бил складиран гас.
„Ако не беше брзата реакција на пожарникарите тука ќе имаше огромна експлозија и ќе предизвикаше огромна штета. МВР работи на утврдување на причините за избувнување на пожарот“, изјави Ангелов.
Пожарот избувна вчера околу 16:30 часот.