недела, 27 октомври 2024
ЦУК

Пожарникари гаселе огнови на 21 локација во земјава

Во последното деноноќие пожарникарите изгаснале вкупно 21 пожар на отворено, а активен е еден пожар во Прилепско, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Објавено на

часот

Сподели

Според известувањата од регионалните центри, во Скопје биле изгаснати 10 пожари, во Битола, Струмица и Куманово по два, во Штип четири и во Тетово бил изгаснат еден пожар на отворено.

Пожарникарите од ТППЕ Прилеп вчера од 16.35 часот гаснеле пожар на нискостеблеста деградирана шума во близина на атарот на село Штавица. ЦУК наведува дека немало опасност пожарот да зафати населени места. Интервенирале пет пожарникари со едно противпожарно возило.

„Поради големината на пожарот и ноќните часови, на терен е останата една екипа за  следење на пожарот за да не дојди до негова ескалација“, стои во соопштението.

Центарот за управување со кризи апелира да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ