Во 16:30 часот територијата на Тетово ја зафати невреме проследено со дожд, грмотевици и силен ветер во траење од околу 40 минути. Големото количество поројни води предизвика поплавување на дворови и подруми на повеќе од пеесетина куќи и објекти во пониските делови на градот, информираа од ЦУК.
„Екипите на ТППЕ Тетово и јавно комуналните преторијатија се на терен и вршат пунктирање на водата од објектите. Од страна на ТППЕ Тетово преку ЦУК беше побарано исклучување на струјата во цело Тетово. Силниот ветер и градот направија штети на земјоделските култури и овошните насади но и штети во урбаните средини (оштетени кровови, канделабри, пластифицирани настрешници, возила и др.). Штетите ќе се проценуваат дополнително“, велат од ЦУК.
Од ЕВН инфирмираат дека ќе ја исклучуваат струјата улица по улица и населба по населба.