вторник, 21 јануари 2025

Пожарите не стивнуваат, 16 изгаснати, 13 активни

Пожарите на планината Серта, кај селата Јаболчишта и Дреново и уште 11 други сѐ уште се активни. Ветерот, непристапниот терен, високите температури се главните причини за тешкото справување со огнената стихија во повеќе делови од Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Дождот угаси дел од пожарот на Серта, но на неколку точки пожарот е активен.
„За нас главен приоритет ни се човечките животи и населените места. Засега нема загрозено ниту едно населено место“, изјави Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи.
Денеска активни беа вкупно 29 пожари од кои 16 беа изгаснати.
Активни се пожарите во општините Чашка, Росоман, Студеничани, Штип, Долнени, Конче, Делчево, Македонски Брод, Василево, Велес и Пробиштип. Во дел од општините има и по два активни пожари.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ