сабота, 27 јули 2024

Пожари на отворено во Прилепско и Студеничани

Гори ниска трева и шума на еден километар од излезот на село Старо Лагово кон село Штавица, Општина Прилеп, каде што во близина има и викендици. Пожарникарите од ТППЕ Прилеп се на терен и интервенираат, јави Центарот на управување со кризи.

Објавено на

часот

Сподели

Активни се два помали шумски пожари кај село Црвена Вода, Општина Студеничани. Теренот е непристапен, а известени се ЈП Национални шуми подружница  Караџица и Дирекцијата за заштита и спасување да интервенираат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ