недела, 20 октомври 2024

Пожаране со најмногу дожд во изминативе 24 часа

Објавено на

часот

Сподели

Во текот на ноќта времето беше облачно, на места со врнежи од дожд. Утрово е облачно со врнежи од дожд. Дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Променливо облачно и потопло со повремени врнежи од дожд, попладне особено во западните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд игрмежи. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 23 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, попладне со повремен дожд и со умерен до засилен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до 21 степен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ