среда, 29 мај 2024

Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан

Пожар зафати попладнево дел од куќа во неготинско Долни Дисан, информацијата ја потврдија од Територијална противпожарна единица Неготино.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

„Веднаш по дојавата, заминавме на лице место. За среќа, пожарот го зафати само долниот дел од куќата и нема поголеми штети“, рекоа од Противпожарната единица.

Оттаму појаснија дека интервенирале со две противпожарни возила и пет пожарникари.

„Оганот е изгаснат, едно возило и двајца пожарникари остануваат да ја следат ситуацијата уште некое време“, истакна командирот на Противпожарната единица Стојче Атанасов. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ