недела, 20 октомври 2024

Пожар во зграда во Карпош

Изгаснат е пожарот што денеска избувна во стан во зградата на улица „Манапо“ во Карпош 3 во непосредна близина на супермаркетот на Веро. Повредени нема, а полицијата допрва ќе ја утврди причината за избувнување на пожарот, изјави за МИА командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита Звонко Томески.

Објавено на

часот

Сподели

„Пожарот избувна во стан во делот на балконот, во зграда на улицата „Манапо“. Интервенирано е со три противпожарни возила и осум пожарникари и за кратко време истиот е локализиран“, посочи Томески.

Тој потенцираше дека и полицијата била присутна и таа допрва ќе ја утврдува причината за настанување на пожарот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ