„Неколку беспилотни летала се откриени и уништени синоќа од системот за противвоздушна одбрана, кој дежурал над територијата на регионот Воронеж. Остатоци од беспилотното летало паднале врз магацин во квартот Подгорен, предизвикувајќи пожар. Беа активирани експлозивни направи“, изјави тој.
💥💣 Ammo detonation continues in the village of Sergiyivka, Voronezh region! pic.twitter.com/lrCZGauQWz
— MAKS 24 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) July 7, 2024
Гушев нагласи дека во нападот нема повредени. Тој потоа објави дека се воведува вонредна состојба.
„Воведена е вонредна состојба во границите на областа Подгорен, каде синоќа се случи инцидент со украински беспилотни летала. Засега продолжува детонирањето на експлозивните направи. Од експлозиите избувна пожар во една зграда, но тој веќе е изгаснат“, рече тој.
😍😍😍 https://t.co/LiUyyRRnCd pic.twitter.com/k8TeN1t9HJ
— MAKS 24 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) July 7, 2024
Тој додаде дека во тек е евакуација на жителите во близина на магацинот. „Блокиран е дел од автопатот што минува низ населено место. Граѓаните се евакуираат во центри за привремено сместување. На лице место работат вработени во оперативните служби и одделенија“, истакна тој.
Deonation has been going on for hours now. Residents are being evacuated, traffic is blocked, and a state of emergency has been introduced, the head of the region said. https://t.co/4p6pVr3mE5 pic.twitter.com/Qy6cDiYa9S
— NOELREPORTS 🇪🇺 🇺🇦 (@NOELreports) July 7, 2024
Интересно е што руското министерство не извести за соборување на беспилотни летала над регионот Воронеж. Во извештајот од утринава се наведува само дека едно беспилотно летало е соборено над регионот Белгород.