сабота, 27 јули 2024

Пожар во ресторан во центарот на Мадрид (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Пожарот избувнал во петокот доцна навечер во италијански ресторан во централниот кварт на Саламанка.

Очевидец изјавил за весникот Ел Паис дека пожарот избувнал откако келнерот го запалил садот со јадењето обидувајќи се да го фламбира, но пламенот ги зафатил таванот и ѕидовите.

Пожарот избувнал во близина на главниот излез, а гостите се мачеле да избегаат, соопштија службите за итни помош.

Шпанската полиција ја испитува причината за пожарот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ