сабота, 27 јули 2024

Пожар во нафтена рафинерија во Русија, повеќе мртви и повредени, властите тврдат дека не е украински напад

Во пожарот кој денес изби во нафтената рафинерија во градот Ухта во републиката Корнија на северозападот на Русија има повеќе мртви и најмалку три лица се повредени, а локалните власти тврдат дека пожарот не е резултат на украински напад.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Гувернерот Владимир Ујба во соопштение наведе дека во тек е истрага што се случило во рафинеријата, кажувајќи дека има мртви, но не наведе точен број.

„Денес се случи пожар во рафинеријата за нафта во градот Ухта за време на планирани технички работи, што резултирало со смртни случаи и повреди“, напиша истражниот оддел на Телеграм.

Локалните функционери не прецизираа на која компанија ѝ припаѓа рафинеријата, но на сликите кои ги објави локалното министерство за вонредни ситуации се гледа логото на нафтениот гигант Лукоил.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ