сабота, 27 јули 2024

Пожар во Младо Нагоричане, гореше жито

Објавено на

часот

Сподели

„Интервенирале од 10:40 до 11:30 часот во село Младо Нагоричане во маала Поганци со едно возило и тројца пожарникари. Со пожарот беше зафатена површина со жито од околу 2,5 декари, изјави командирот на ТППЕ Старо Нагоричане“, Далибор Трајковски.

Кумановските пожарникари гаснеа по полноќ два пожара на автомобил и автобуска постојка. Според информациите на РЦУК – Куманово постојката горела на улицата 11 Октомври 45 минути по полноќ. Пожарникарите ја гаснеле со едно противпожарно возило.

„Втората интервенција е на запален автомобил на улицата Бајрам Шабани. Интервенирано е од 1:25 до 1:45 часот со едно противпожарно возило и четири пожарникари“, информираа од РЦУК – Куманово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ