На местото на настанот е и директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов кој го координира гаснењето на пожарот на пожарникарите од Скопје, Гостивар, Велес и Куманово. Побарана е и помош од гостиварски приватни фирми кои можат да помогнат со машинерија, бидејќи ситуацијата е алармантна за расчистување на материјалите што се во магацинот, а не се фатени од пожарот.
Ангелов се обиде да повика и хеликоптер од МВР, но временските услови во Тетово, густа магла, не дозволуваат гасење на пожар од воздух во овој момент.