сабота, 21 декември 2024

Пожар во хемиска фабрика во Америка создаде огромен облак, евакуирани 17.000 луѓе (ВИДЕО)

Околу 17.000 луѓе добија наредба да се евакуираат поради огромниот облак создаден од пожар во хемиската фабрика во Конјерс, во американската држава Џорџија. За останатите 77.000 жители на округот Рокдејл е издадена наредба да не ги напуштаат своите домови, а околу 15 километри од автопатот и-20 е затворен за сообраќај, јавуваат американските медиуми.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Пожарот избувнал на покривот на фабриката Биолаб, производител на производи за одржување на базени, изјави началникот на противпожарната служба во округот Рокдејл, Маријан МекДаниел на конференција за новинари синоќа.

Пожарот го активираше системот прскалки во фабриката, што предизвика мешање на водата со „хемикалија која реагира на вода“ и создаде голем облак од чад и хемикалии, рече МекДаниел.

Причината за пожарот не е позната, а не се знае дали има повредени во пожарот. Пожарот најпрвин бил локализиран, но потоа повторно се разгорел околу пладне, рече МекДаниел. Покривот и неколку ѕидови на објектот на Биолаб се урнале.

Чадот може да трае „неколку дена“, предупреди МекДаниел.

Шерифот на округот Рокдејл, Ерик Џеј Левет, ги повика жителите да се држат настрана од областа бидејќи ветрот може да го однесе чадот и надвор од зоната за евакуација.

Веднаш не било јасно какви здравствени опасности може да претставува облакот.

„Нашите вработени не пријавија никакви повреди“, се вели во синоќешното соопштение на Биолаб. „Нашиот тим е на лице место и соработува со службите за итна помош и локалните власти за проценка и контролирање на ситуацијата“, додаваат оттаму.

Не е веднаш јасно каков тип на хемикалии го создале облакот или како тие хемикалии биле складирани, рече МекДаниел. Портпаролот на Биолаб рече дека не може да даде повеќе детали за хемикалиите кои го предизвикаа формирањето на големиот облак.

Евакуацијата на голем дел од Конјерс беше во сила вчера. Град со околу 17.000 жители, кој е на околу 25 милји од Атланта.

Кога одредени хемикалии ќе стапат во интеракција со водородот и кислородот во водата, може да се создаде интензивна топлина бидејќи водородот е запалив, а кислородот е оксиданс, рече Венди Џеј Бакли, претседател на Старс Хазмат Консалтинг, консултантска фирма за опасни материи.

„Тоа може да биде толку жешко што може да ги запали материите во близина, а реакцијата може да биде експлозивна“, рече Бакли, додавајќи: „Исто така може да создаде и запаливи, токсични или други опасни гасови“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ