сабота, 27 јули 2024

Пожар во голем трговски центар во Варшава (ВИДЕО)

Огромен пожар избувна во трговски центар во Варшава во текот на ноќта, кој речиси целосно го уништи, соопштија властите.

Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Нема повредени во пожарот во центарот на Маривилска 44, еден од најголемите трговски центри во Варшава, во кој имало околу 1.400 продавници, вклучувајќи и многу киосци. Компанијата Мирбуд е сопственик и управител на центарот.

„Речиси 100 отсто од центарот е изгорен. Пожарот се гаси и ќе потрае повеќе часа“, изјави на прес-конференција во неделата Мариуш Фелтиновски, главен командант на државната противпожарна служба.

Командантот на противпожарната служба додаде дека во гаснењето на пожарот учествуваат речиси 200 пожарникари.

Властите преку СМС пораки го повикаа населението да остане дома и да ги држи затворени прозорците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ