четврток, 26 декември 2024

Пожар во фирмата Атлантик, горат камиони на фирмата

Вечерва, во 21:14 часот, преку единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК), е добиена пријава за пожар во фирмата Атлантик во скппската населба Визбегово. Според првичните информации се работи за пожар на два камиони (шлепери), но според пријавата на јавувачот постои опасност да бидат зафатени и други камиони, информираа од ЦУК.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите на ЦУК, од спротивната страна на патот се наоѓа бензинската пумпа ХИБ Петрол. За настаната состојба веднаш се известени противпожарната служба на Град Скопје и МВР.

ЦУК информира дека во последното деноноќие немало пожари на отворен простор, туку само пожари во населени места и сите се изгаснати.

Во врска со случајот со Ванчо Димитров од село Видовиште кој е во лоша здравствена состојба преку ЦУК вчера е контактирано со директорот на Јавно комунално претпријатие Водена кула од Зрновци и од нивна страна е испратен надлежен службеник во манастирот во селото од каде што ќе биде однесено јадење и други потреби на неподвижното изнемоштено лице.

„Со Црвен Крст Кочани вчера е воспоставен контакт при што е добиена информација дека на 5 декември 2024 година нивни волонтери веќе го посетиле изнемоштениот и му оставиле пакет со храна и ако има потреба повторно ќе го посетат. На првиот работен ден лицето ќе биде контактирано од Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Кочани за да преземат мерки согласно нивната надлежност“, информираа од ЦУК.

„Вчера, преку Единствениот бројот за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава од претседателот на месна заедница од населбата Ченто, во Скопје, дека граѓаните покрај и околу улицата Алија Авдовиќ, околу 500 куќи неколку дена се без електрична енергија. Претседателот на месната заедица извести дека во знак на револт ќе биде блокирана улицата. Од ЦУК е стапено во контакт со ЕВН Македонија и истите известија дека случајот е веќе пријавен, се работи за дефект на среднонапонска мрежа и екипите работат на отстранување на дефектот, без посочено време кога дефектот ќе биде отстранет“, велат од ЦУК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ