сабота, 27 јули 2024

Пожар во болница на северот на Германија, четири лица загинаа

Четири лица загинаа во пожар што избувна во болница во северна Германија, соопшти локалната полиција.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Полицијата соопшти дека три лица загинале на местото на настанот, додека четврто лице починало во болница во Улсен, северо-источно од Хамбург.

Вработени во службите за итна помош виделе пламен на четвртиот кат на едно крило на зградата кога пристигнале на местото на настанот доцна во четвртокот навечер.

Слушнале повици за помош и евакуирале неколку луѓе, по што успеале да го запрат понатамошното ширење на пожарот.

Точниот број на повредени, како и причината за пожарот, не се познати.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ