579 животни, од кои повеќето биле мали птици, биле во продавница за миленичиња во Плаза Латина во Далас, Тексас, каде вчера избувнал пожар, пренесува Скај њуз.
Heartbreaking update 💔
Dallas Animal Services says 579 animals died in the fire at Plaza Latina.
Firefighters were able to save some animals, doing CPR on a tortoise and reviving a dog.@CBSNewsTexas pic.twitter.com/4Xg5A2rT2x— Dawn White (@DawnWhiteNews) January 4, 2025
Пожарот два часа го гаснеа околу 45 пожарникари, изјави портпаролот на ДФР (Пожари и спасување Далас) Џејсон Еванс. Иако огнот не ги зафатил животните, тие починале од вдишување чад. Според Еванс, угинале стотици птици, како и кокошки, хрчаци, две кучиња и две мачки.
„И покрај нашите напори за пребарување и спасување, сите животни во продавницата за жал умреа од вдишување чад“, рече Еванс.
Во пожарот нема повредени, при што сериозно е оштетена конструкцијата на еднокатниот трговски центар и делумно се урнал покривот. Причината за пожарот сѐ уште се истражува.
На својата Фејсбук страница, Плаза Латина е опишан како место каде што луѓето можат да јадат и да купуваат различни латиноамерикански производи и услуги. Во соопштението на шпански се повикува на молитва за семејствата кои работеле таму и се наведува дека трговскиот центар ќе биде затворен до дополнително известување.