сабота, 27 јули 2024

Пожар се шири меѓу кавадаречките села Бегниште и Кошани

Се шири пожарот меѓу кавадаречките села Бегниште и Кошани, а акцијата за гаснење на пожарникарите е отежната од ветерот.

Објавено на

часот

Сподели

Од Територијалната противпожарна единица Кавадарци велат дека за противник го имаат ветерот поради што огнот постојано се разгорува.

„На терен илмаме седум пожарникари со три возила на кои им помагаат и жители од село Бегниште,  дополнително е повикан и приправниот тим на ТППЕ и побарана е интервенција од ЈП Македонски шуми. Жителите треба да бидат многу внимателни“, велат од противпожарната единица. 

Пожарникарите денеска веќе имаа интервенции на три локации на отворено – кај ваташки гробишта, под каналот кај село Манастирец и на релација село Бегниште – Кошани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ