Три противпожарни екипи и шестмина пожарникари интервенирале вчера на пожарот во периодот од повеќе од два часа.
Објектот чиј покрив бил зафатен од пожар се наоѓал во внатрешноста на поранешната касарна.
На просторот на поранешната касарна во Куманово, сместени се две училишта. Во моменов тече изградбата на гимназијата „Сами Фрашери“, а лоцирани се и подрачни единици на државни институции.
Вчера пожарникарите интервенирале и на гаснење на запален оџак во село Доброшане, како и на запалена сува трева во селата Табановце и Косматац.