сабота, 19 октомври 2024

Пожар на огромен змеј во американскиот Дизниленд, посетителите евакуирани (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Луѓето биле евакуирани од областа во забавниот парк Анахајм поради пожарот. Според извештајот на пожарникарите, нема повредени, пренесува Скај њуз.

Пожарот избувнал за време на изведбата на претставата Фантасмика, во која се користат специјални ефекти, најсовремена проекција и многу пиротехника. За време на претставата Мики Маус диригирал со сцени од класиците на Дизни, како што се Аладин и Кралот Лав.

 

 

Во еден момент, змејот што го претставува Дизниевиот негативец, Малефисент, во еден момент исфрлал оган, а потоа, дошло до експлозија на змејот и огромен пламен го зафатил целиот.

Посетителите од неколку околни атракции се евакуирани поради густиот чад, соопшти забавниот парк. Оттаму додаваат дека причината за пожарот сѐ уште се истражува. Слични сцени со оган ќе бидат суспендирани во сите забавни паркови низ светот како мерка на претпазливост.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ