сабота, 22 јуни 2024

Пожар на комунална депонија во Кочани

Објавено на

часот

Сподели

„Реакциите на граѓаните се оправдани затоа што од пред неколку дена градската депонија повторно чади. Причина за тоа е што имавме подметнат пожар, се сомневаме во неколку лица што се забележани околу локацијата и веќе доставивме пријава до полицијата. Полициски службеници излегоа на увид заедно со противпожарен инспектор, па очекуваме натамошна постапка. Депонијата редовно се третира со течен раствор од алги кои го спречуваат самозапалувањето на метанот, така што сегашното чадење е поради намерно потпалување на пластика и други материјали што се исфрлаат таму. Помогнат од силниот ветер, огнот се разгорува и чадот брзо се шири кон градските населби“, истакна Иван Иванов, в.д. директор на КЈП „Водовод”.

За да се интервенира во гаснењето на депонијата, вработените во комуналното претпријатие ќе ја искористат наменската цистерна поставена на локацијата и со пумпи за вода ќе го спречуваат ширењето на огнот. Се размислува и за поставување видо надзор на неколку пункта на депонијата, за што претходно треба да се обезбеди електрична инсталација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ