недела, 27 октомври 2024

Пожар крај Струмица, изгореа магацините на Стокомак

Попладнево околу 17 часот пожар ги зафатил магацинските простории на фирмата Стокомак пред селото Дабиле, кај Струмица и се ширел кон внатрешноста на објектот, информираа од ТППЕ Струмица.

Објавено на

часот

Сподели

Според пожарникарите, во гаснењот на пожарот учествувале три против пожарни возила и 11 пожарникари, а благодарение на брзата и ефикасна интервенција пожарот е изгаснат и не е дозволено да се прошири и да предизвика големи материјални штети.

Причините за избувнување на пожарот засега не се познати и по извршениот увид треба да биде познато како дошло до опожарување на магацинските простории.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ