Пожарот избувнал во реонот помеѓу населбата Софилар, градските гробишта и се движи кон Баница. Според достапните информации, поради силниот ветер пожарот брзо се шири. Засега нема информации како избувнал пожарот.
Од Противпожарната единица од Струмица ја потврдија информацијата за МКД.мк, но за причината и деталите рекоа дека ќе бидат соопштени од портпаролот на Пожарната во текот на утрешниот ден.
Според засега достапните неофицијални информации, сите противпожарни екипи од Струмица се на терен, а напомош пристигнуваат и пожарникари од други градови.