петок, 18 октомври 2024

„Пожар 2024“ – целосна мобилизација на припадниците на МВР

Поради обемот на пожарите во Македонија денеска во МВР се одржал состанок на раководните структури и е донесен заклучок за целосно мобилизирање на сите расположливи човечки и технички ресурси на министерството под оперативна акција „Пожар 2024“. Со оваа оперативна акција сите материјално-технички средства со кои располага МВР, ќе бидат ставени во функција на справување со пожарите.

Објавено на

часот

Сподели

Од Mинистерството за внатрешни работи соопштија дека се одржал координативен состанок на министерот Панче Тошковски, директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев и началниците на секторите за внатрешни работи и други организациски единици во МВР. Темата била целокупната состојба со пожарите кои ја зафатија нашата држава, активностите што ги презема МВР заедно со другите институции за нивно гасење и активностите за превенција од настанување на нови пожари.

„На состанокот е донесен заклучок за целосно мобилизирање на сите расположливи човечки и технички ресурси на МВР под оперативна акција ‘Пожар 2024’. Со оваа оперативна акција сите материјално-технички средства со кои располага МВР, ќе бидат ставени во функција на справување со пожарите. Секторите за внатрешни работи како регионални единици на МВР ќе бидат постојано на терен со зголемено присуство и тесно ќе соработуваат со останатите сектори како Одделот за специјални полициски операции, Одделот за воздухопловни единици, Одделот за гранични работи и миграција, Крим полицијата и други оддели при Бирото за јавна безбедност.
Присуството на полицијата на терен ќе биде зголемено. Постојат индиции дека дел од пожарите се подметнати и ќе бидат преземени сите неопходни мерки за расчистување на случаите и санкционирање на сторителите“, информираат од МВР за заклучокот.

Од МВР апелираат до граѓаните да бидат исклучително внимателни кога се движат во природа и доколку забележат какво било сомнително движење или активности, веднаш да пријават во најблиската полициска станица или на телефонот 112.

„Секоја активност во насока на намерно или ненамерно предизвикување на пожари ќе биде санкционирана најстрого во рамките на законските норми“, се нагласува на крајот од информацијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ