сабота, 27 јули 2024

Повторно запалена пругата помеѓу Слепче и Браилово, единствениот воз од Битола до Скопје не сообраќаше

Запалени прагови на пругата помеѓу Слепче и Браилово повторно го прекинаа сообраќањето на единствениот воз на релацијата Битола-Прилеп- Велес-Скопје. 

Објавено на

часот

Сподели

Патниците од Велес утрово на Железничката станица во Велес беа разочарани што не можат да се качат на единстевниот воз што доаѓа од Битола преку Прилеп и  Велес за  Скопје, а кој по возен ред во Велес поаѓа во 5:46 часот.

Како што информираа за МИА од Железничката станица во Велес, причина било запалено стрниште покрај пругата кое се проширило и запалило и прагови на пругата, поради што железничкиот сообраќај е во прекин. Се работи на повторно оспособување на пругата. 

Според информацијата од Центраот за управување со кризи вчера попладне била запалена ниска вегетација по што се запалиле и прагови на пругата помеѓу селата Слепче и Браилово, прилепско.

Ова е трето онеспособување на пругата на релација кај селото Браилово поради изгорени прагови, а поради тоа третпат за месец и половина во прекин е возот на релација Битола-Прилеп-Велес-Скопје и обратно.Првиот прекин беше на 25 септември, а поради што 8 дена возот беше во прекин. Вториот пожар на стрниште по што беа зафатени околу 200 прагови на пругата кај Браилово, прилепско беше на 12 октомври и неколку дена возот повторно беше во прекин.

Воедно, од 25 октомври со одлука на МЖ Транспорт наместо три, сообраќаат само еден воз на релација Битола-Прилеп-Велес-Скопје и обратно. По денешното повторно горење на прагови на пругата во  прилепско сега во прекин е единствениот патнички воз на оваа релација.

Поради ова денеска патниците од Велес, наместо со битолскиот воз во 5:46 часот мораа да чекаат 40- тина минути и за Скопје заминаа со возот од Гевгелија кој во Велес пристига во 6:27 минути. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ