понеделник, 28 октомври 2024

Повторно пожар под Дешат, чадот сe симна и во Дебар

Пожар беснее над дебарското село Татар Елевци, а чадот се чувствува и во целиот град. Станува збор за недостапен,  стрмен предел, под падините на планината Дешат.

Објавено на

часот

Сподели

„Локацијата е истата каде што неодамна имаше голем пожар, над селото Татар Елевци, кој поради ветрот се движи кон селото Горно Рајчица и Горно Косоврасти. Пожарот до сега зафати над 20 хектари нискостеблеста шума и сува трева“, рече за МИА Фемија Ајроски, раководител на Регионалниот ЦУК-Дебар.

Тој додаде дека во гаснењето учествуваат дебарските пожарникари, вработени од подружницата Стогово на ЈП Национални шуми, како и месно население.

„Со максимално залагање опасноста по куќите во селото Татар Елевци е избегната. Се прават напори пожарот да се стави под контрола“, посочи Ајроски.

Минатиот пожар зафати над 30 хектари нискостеблеста шума и трева, а по три дена од избувнувањето, на 8 август,  во гаснењето се вклученија и два ер трактори, кои со вода се снабдува од Дебарско Езеро.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ