сабота, 27 јули 2024

Повторно нереди во албанскиот парламент, седницата траеше само 15 минути

Седницата на албанското Собрание синоќа траеше само 15 минути, бидејќи владејачкото мнозинство не можеше да го контролира хаосот, протестите и извиците на опозициските демократи, кои насилно влегоа во салата, објави „Албаниан дејли њуз“.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Премиерот Еди Рама, кој беше присутен, не можеше да зборува на седницата, додека демократите се обидуваа да дојдат до него за да се пресметаат, меѓутоа беа спречени од обезбедувањето.

Претседателката на Собранието Линдита Никола ја обвини опозицијата дека исклучиво гледа само на сопствените интереси, а не и на интересите на народот.

Пред една недела парламентот исклучи неколку демократски пратеници, но дел од нив денеска успеаја да влезат.

Демонстрантите се собраа и пред зградата на парламентот и се судрија со полицијата.

Инцидентите во Парламентот на Албанија веќе извесно време се повторуваат, а пратениците од опозицијата палеле факели и фрлале столчиња.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ