Фотографиите на читатели на МКД.мк сведочат дека боровата шума кај Неготино меѓу народот позната како Гоцевата шума гори и денеска откако синоќа избувна голем пожар кој беше гаснет и од земја и од воздух.
Според првичните информации изгореле до 15 хектари шума.
Гоцевата шума меѓу тиквешани е позната уште и како Оазата на љубовта. Освен тоа, шумата претставува место каде се слават празници и се оди на пикник.
Претходно голем пожар ја пеплоса Гоцевата шума во 2016 година кога беше зафатена површина од 100 хектари од кои 30 хектари беа борова шума.
Вчера гореше и во демиркаписко, а пожарот го гаснеше полициски хеликоптер.
Од Центарот за управување со кризи денеска соопштија во последните 24 часа биле регистрирани 17 пожари.