сабота, 27 јули 2024

„Повторна средба“ – изложба на Анита Јовеска Сот во Прилеп

Објавено на

часот

Сподели

Изложата ја отвори историчарот на уметност Викторија Димеска која посочи дека делата пренесуваат енергичност која длабоко проникнува во нескротливата природа на ликовите, жедни за живост и динамичност.

„Нивните погледи продираат длабоко под прагот на свеста, вовлекувајќи ги заинтригираните посетители да нурнат во таинственото море од мистерии, минувајќи низ емотивен катарзичен процес“, рече Димеска.

Уметницата Анита Сот рече дека жената како инспирација ја имаме сите околу нас, моќна и силна, секоја различна и своја. 

Анита Јовеска Сот е академиски сликар, родена прилепчанка. Дипломирала на Националната Академија за уметност во Софија, Р.Бугарија во  2008 година, на отсекот плакат и визуелни комуникации. Оваа е трета самостојна изложба на Јовеска Сот. Изложбата ќе биде отворена до 7 јуни. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ