Откако на бројот 112 била добиена информацијата за сообраќајната несреќа, Центарот за управување со кризи ги информираше надлежните институции. Повредената млада мечка се наоѓа на патот, покрај неколку куќи каде има поголема раздвиженост на возила и луѓе. Жителите се предупредени да го избегнуваат движењето на местото на несреќата и да бидат внимателни.
„Овој случај отвора многу прашања околу непрецизно дефинираните и испреплетени надлежности на институциите бидејки по несреќата ја разгледувавме можноста повредената мечка да биде успиена со опојно средство, а потоа преместена и згрижена на соодветно место, како на пример во ЗОО Скопје, каде би ѝ се пружила медицинска нега. Притоа до израз дојдоа повеќе формално-правни и функционални недостатоци“, вели директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.